ВМРО- ДПМНЕ со 30 прашања за министерката Нина Ангеловска

03.02.2020 13:48

Дојдовме пред министерството за финансии со 30 прашања за Нина Ангеловска на кои што досега нема одговор, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пред Министерството за финансии постави 30 прашања до министерката Нина Ангеловска кои, како што вели, ќе останат неодговорени.

„Дојдовме пред министерството за финансии со 30 прашања за Нина Ангеловска, на кои што досега нема одговор. За колку стотици милиони евра ја задолживте Македонија од кога сте министер за финансии? Како ја доведoвте Македонија до најмал економски раст во регионот? Зошто се плашите да и доставите податоци, побарани од заменик министерката, ордана Димитриеска Кочоска? Колку денови во јануари бевте на платени службени патувања? Дали е вистина дека сте се налутиле на ММФ, на Светска Банка и на Европската Комисија што ви предвиделе помал раст од вашата проекција?...“- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат министерката треба да одговори, а ќе се прифати доколку место нејзе одговори и Коста Петров.