Пендаровски утре во официјална посета на Република Полска

03.02.2020 14:06

Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Предвидено е да оствари и средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска...

Претседателот Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска. Во Варшава, со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари билатерални средби со Маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.

Како што соопштуват од претседателскиот кабинет, предвидено е Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска.

За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.