Манчевски на конференција за дигитализација во Белград
Говорејќи на панел дискусија во рамки на конференцијата, министерот Манчевски ги претстави проектите на коишто работи МИОА во однос на дигиталната трансформација на нашата земја како што се Националниот портал за е-услуги, Централниот регистар на население, Каталогот на услуги итн.

Земјите од регионот веќе ја препознаваат Северна Македонија како лидер во Западен Балкан во областа на дигитализацијата- изјави министерот Манчевски во обраќањето на конференцијата посветена на дигиталната соработка за трансформација на владите, што се одржува во Белград.
Говорејќи на панел дискусија во рамки на конференцијата, министерот Манчевски ги претстави проектите на коишто работи МИОА во однос на дигиталната трансформација на нашата земја како што се Националниот портал за е-услуги, Централниот регистар на население, Каталогот на услуги итн.
„Регионалната соработка е клучна за економски развој на земјите од Западен Балкан. Пред скоро една година заедно ги намаливме цените во роаминг, а сега разменуваме искуства во делот на електронски услуги. Северна Македонија пред еден месец го пушти во употреба порталот за електронски услуги, како завршен проект на што претходеше развој на повеќе различни платформи и системи, како што се Каталогот на услуги и Регистарот на население“, истакна министерот Манчевски.
На конференцијата, како што соопштуваат од МИОА, меѓудругото се разговараше за меѓусебната соработка и искуствата во однос на дигиталната трансформација на земјите во регионот, иднината на дигиталните влади, а беше посочен и примерот на Естонија како една од најразвиените информатички земји во Европа.
