Тутунарите во Прилеп на протест, бараат реална проценка на тутунот
Дел од прилепските тутунари денеска протестираа и го блокираа патот Прилеп - Плетвар на излезот од градот. Бараат да се врати реалната проценка на тутунот и тутунарите да не бидат оштетени...
Реална процена на тутунот, а не закинување по класи и оштетување на тутунарите. Сите пункотови да бидат отворени и реално да се преземе родот кој е квалитетен, бараат дел тутунари од Прилепско кои еден час го блокираа магистралниот пат Прилеп- Градско на излезот од градот спрема Плетвар.
Тутунарите велат дека до Нова година се откупувало реално, сега за класа до две подолу. Според тутунарите во прилепско, за откуп има уште околу 2.000 тони договорен тутун.
Државниот земјоделски инспекторат информира дека досега во земјава се откупени 24.800 тони тутун што е 93 насто од родот по просечна цена од 221 денар. Инспекторатот е категоричен дека нема никаков увоз на тутун.
Пунктовите во Долненско, села Дебреште, Житоше, Црнилиште денес се сите отворени, но слабо се носи тутун.
Инаку, од почетокот на откупот имало три жалби до комисијата, од кои две се прифатени. Направена е контрола на 49 пункта во Пелагониско и нема забелешки, велат од Државниот инспекторат.
Елизабета Митреска
