Мицкоски предложи експерти и професори да го напишат Законот за јавно обвинителство

04.02.2020 12:57

Мицкоски вели- Заев по секоја цена се обидува да ги одложи изборите, сака власт само да не се соочи со правдата. Побара Законот за јавното обвинителство да дојде како предлог од експертите и професорската фела.

ВМРО- ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12-ти февруари. Мицкоски вели- Заев по секоја цена се обидува да ги одложи изборите, сака власт само да не се соочи со правдата. Побара Законот за јавното обвинителство да дојде како предлог од експертите и професорската фела.

„Не е само до законот, туку до неморалот на политичарите и спрегите на мафијата со судството и политиката, а тоа зависи од интегритетот на личностите. Ако има вистински луѓе на вистински места тие ќе се борат против корупцијата, ако е како сега тогаш ќе купуваат време и ќе молчат додека цели нивни претставници во партијата, целиот партиски врв плива во корупција. Им се обраќам директно, вие сте проблемот, вие сте корумпирани со лични интереси и обврски кон мафијашки и други структури. Тие ве донесоа на власт. Затоа имаме конкретна понуда и при одлуката нека не се водат за својот, туку за интересот на државата“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Време е да се остават суетите и стравовите на страна и да се носат одлуки кои се најдобри за граѓаните на Македонија- нагласи Мицкоски.