Македонија

Претставен проектот за гасификација на Битола

05.02.2020 16:05

Проектот за гасификација на Битола е претставен пред локалните советници. Според планот, првите количини гас треба да потечат кон некои индустриски капацитети наесен...

Првите количини на гас се очекува да потечат во вторта половина од предстојнава есен. Според концептот на дистрибутивната гасоводна мрежа прво ќе се опфатат индустриските капацитети на влезот од страната на општина Новаци. Проектантската проценка за изградба на примарната гасоводна мрежа е околу 200 милиони денари. Од напролет ќе започнат да се инвестициите од околу 31 милион денари, ќе се градат првите три километри кои ќе се спојат со магисталната мрежа што ја гради државата.

Во отворената дебата најгласни опзициските советници. Сметаат дека проектот ќе добиеше на поголема динамика доколку општината не го отврлеше предлогот за јавно- приватно партнерство. Градоначалничката Петровска со одговор и свое видување на состојбата.

Инаку во своето излагање, таа проектот го нарече и гасоводна топлификација. Смета дека претдходно вложените средства во инфаструктурата за топлификација не треба да бидат запоставени, затоа што по тој основ со импутот на гасот ќе се загреваат главно најголем дел од јавните институции.

Стевче Митревски