Реконструкција на делницата Крива Паланка- Деве Баир
Почна модернизацијата на Коридорот 8 од Крива Паланка до Деве Баир во должина од 13 километри. Оваа делница е најфрекфентна за товарен сообраќај, бидејќи транспортот на стока од и кон Бугарија се одвива преку неа. Властите велат дека новиот, проширен пат ќе биде готов најдоцна за две години. Проектот финансиски е поддржан од Европската банка за обнова и развој и од Европската унија...
Делицата Крива Паланка- Деве Баир е една од најфреквентните во товарниот сообраќај бидејќи транспортот на стока кон и од соседна Бугарија во најголем дел поминува на овој пат. Од друга страна, овој меѓународен пат со години е во лоша состојба.
Изведувачот на работите „Гранит“ ќе има рок од 24 месеци за да го изведе проектот и по проширениот пат да се вози најдоцна до почетокот на 2022-ра година.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, го оцени како значаен настан зашто овој патен правец е дел од Коридорот 8 што ја поврзува оската Исток- Запад на југот на европскиот континент.
Проектот е со поддршка на Европската банка за обнова и развој и од ЕУ.
Игор Панов
