Почна окрупнувањето на земјоделското земјиште
Почна окрупувањето на нивите. Земјоделците во село Егри, Битолско го потпишаа предлог планот за новоформираните парцели. На селаните дополнително ќе им се помогне и во инфраструктурата со изградаба на пристапни патишта до земјоделските површини и со системите за нивно наводнување.

Почна окрупнувањето на земјоделското земјиште во село Егри, битолско. Земјоделците го усвоија предлог планот за распределба на парцелите, како завршна фаза во постапката за консолидација.
Со овој план се окрупнети 336 хектари земјоделско земјиште, а бројот на уситнети парцели се намали за повеќе од 3 пати. Просечната големина од 0,38 по консолидацијата се зголемува на 1,3 хектари.
Новоформирани парцели добиваат правилна форма и поголема површина погодна за земјоделско производство, со обезбеден пристап до патната инфраструктура и системите за наводнување и одводнување.
Целта е и да се зголеми продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на фармите, со што ќе се зајакне потенцијалот на земјоделскиот сектор во земјата.
Во Македонија се регистрирани 170.000 земјоделски стопанства кои во просек имаат мала земјоделска површина од само 1,85 хектари, поделена на 4 до 7, па и повеќе парцели кои се просторно оддалечени.
Дури 63 проценти од имотите се помали од 1 хектaр.
Методија Трајков
