Одложено рочиштето за „Рекет“ поради здравствени проблеми на Бојан Јовановски

10.02.2020 13:55

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

Поради лоша здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, рочиштето за случајот „Рекет“ денеска се одложи. Следното рочиште е закажано за утре.

Судијката Васка Николовска- Масевска образложувајќи ја одлуката за одложување на ова рочиште, истакна дека од КПУ Затвор Скопје, го известиле Судот дека обвинетиот Бојан Јовановски, имал здравствени проблеми и поради тоа не може да го следи денешното рочиште.

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал.