Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија
Традиционално, рускиот ден на дипоматијата одбележан и во Битола. Амбасадорот во земјава Сергеј Баздникин истакна дека со нас и натаму ќе градат односи врз основа на вистинска еднаквост и немешење во внатешните работи...
Не постојат такви спротивставени интереси кои не можат да се помират, доколку се работи ревносно и напрно во духот на правдата и умереноста. Ние никому не му се закануваме или нешто наметнуваме за да придобиеме еднострани предности. Токму врз овие принципи се темелат нашите односи со сите земји, вклучувајќи ја и вашата. Со вас сакаме и понатаму да градиме односи на вистинска еднаквост, почитување и немешање во внатрешните работи, почитување на сувеинитетот и територијалниот интегритет- порача оплномоштениот руски амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
Рускиот императорски конзул александар Аркадиевич Ростковски кој бил убиен во Битола 1903-та година е само еден од претходните дипломати ширум светот, на кој на овој ден им се оддава достојна почит за својата исполнета службена, а честопати и морална должност.
По положувањето на свежо цвеќе пред спомен обележјето, битолското чествување беше збогатено и со изложба на која беа претставени 100 реткости на руската државност.
Стевче Митревски
