МНР: Македонските државјани на крузерот закотвен во Јокохама се во добра здравствена состојба

10.02.2020 14:30

Од македонското МНР информираат дека од нашата амбасада во Токио оствариле директна комуникација со тројцата македонски државјани, членови на екипажот на „Дајмонд принцес“ и тие се во добра здравствена состојба.

Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес“ во пристаништето во јапонскиот град Јокохама се во добра здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето во Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран новиот коронавирус.

Од МНР посочуваат дека Амбасадата во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот.

Расте бројот на смртни случаи од Коронавирусот. Досега починале над 900-ни луѓе, а заразени се повеќе од 40.000. Бројот на случаи со коронавирус на крузерот, пак, се зголемил на 130.