Џафери: 16-ти февруари последен датум за распуштање на Парламентот

10.02.2020 15:44

16-ти февруари е последниот датум за распуштање на Законодавниот дом, односно 55 дена пред одржувањето на изборите.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери побарал и добил одговор од Државната изборна комисија. Во него е наведено дека 16-ти февруари е последниот датум за распуштање на Законодавниот дом, односно 55 дена пред одржувањето на изборите.

Нивниот одговор е оптималниот рок е 55 дена пред денот на гласање што значи денот на гласањето треба да биде 56-иот ден, изјави Џафери.

Во однос на Законот за јавно обвинителство Џафери кажа дека овој закон и законот за Советот за јавни обвинители се ставени на дневен ред на седница закажана за 17 часот.

Во врска со информациите дека ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците нема да го поддржат законот бидејќи е различна верзија од она што е договорено, Џафери рече дека како претседател на Собранието нема право на влијание врз материјалниот дел на законот. Според него, политичките партии треба да ги објаснат своите несогласувања и до 17 часот сите имаат можност да направат корекции.