Собранието ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО
Собранието денеска треба да го ратификува Протоколот за членството во НАТО. На свечената седница ќе присуствуваат претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор...

Пратениците денеска ќе го ратификуваат Протоколот за членството во НАТО. На свечената седница ќе присуствуваат претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор.
Предлог- законот за ратификација е во собраниска процедура, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство поради предвремените избори на 12-ти април.
По гласањето пред пратениците и присутните, ќе се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Атила Местер- Хази.
Во 16 часот планирана е церемонија на подигнување на знамето на Алијансата пред Собранието.
Ќе остане недовршена уште ратификацијата во парламентот на Шпанија. Ратификацијата кај нас, ќе има одложено дејство и ќе се активира откако процесот ќе заврши во Мадрид.
На јавниот сервис директен пренос од свечената седница во Собранието која е закажана за 15 часот.
