Собрание

Почнува комисиската расправа за Законот за јавно обвинителство

11.02.2020 10:11

Почнува комисиската расправа за Законот за јавно обвинителство. Собранието ја усвои потребата од негово донесување по скратена постапка. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат откако предлогот првично беше повлечен па потворно доставен...

Почнува комисиската расправа за Законот за јавно обвинителство. Собранието ја усвои потребата од негово донесување по скратена постапка. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат, откако предлогот, првично беше повлечен, па потворно доставен. Министерството за правда појаснува дека станувало збор за корекција на ситни технички грешки.

ВМРО-ДПМНЕ обвини за фалсификат и побара од претседателот на Собранието да ги врати законите до Владата бидејќи според нив предлозите се доставени неделовнички и нема одлука на Влада ниту за повлекување на материјалот, ниту за новиот предлог.

Вие треба да го вратиме овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување, ниту одлука за доставување на нов материјал во Собранието. Врз основа на ова, предлозите се неделовнички и согласно Деловникот имате обврска и право да го вратите предлогот до Владата и таа откако на седница ќе ги помине, да ви ги достави предложените закони за да може да закажате седница. Вака вие учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, рече вчера координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Законот за јавното обвинителство по прексиноќешното зелено светло од Владата вчера влезе во собраниска процедура, откако власта потврди дека ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.