Столтенберг: Членот 5 ќе биде обврска и за Северна Македонија
Столтенберг потсети дека земјава ќе стане полноправна членка по завршувањето на ратификацијата на пристапниот протокол од страна на сите сојузници, по што Северна Македонија ќе има обврска да го почитува и членот 5 за колективна одбрана...
На прес- конференција во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потсети дека земјава ќе стане полноправна членка по завршувањето на ратификацијата на пристапниот протокол од страна на сите сојузници, по што Северна Македонија ќе има обврска да го почитува и членот 5 за колективна одбрана.
„Членот 5 за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска“, изјави Столтенберг.
Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.
