Димитров- Ди Мајо

Политичка волја за отворање на преговори со ЕУ

11.02.2020 13:10

Отворањето на преговорите не смее да се забави, без разлика дали методологијата е стара или нова- рече италијанскиот шеф на дипломатијата Ди Мајо на средбата со министерот Мимитров. Шефот на македонската дипломатија оцени- поради кредибилитетот на ЕУ е значајно да ги отвориме пристапните преговори за вреднување на нашите реформски процеси...

Отворањето пристапни преговори со ЕУ е од суштинско значење за евроинтегративниот процес на земјава. Независно дали методологијата е стара или нова, клучната поента сепак е дека не смее да се забави придружувањето. Станува збор за политичка волја, рече италијанскиот шеф на дипломатијата Ди Мајо и додаде -доколку земјите кои се основачи на ЕУ се сложни ќе се отвори и европското ново поглавје за земјата.  За него донесувањето на Законот за јавно обвинителство не е директен услов за членство, но ќе покаже дека државата се стреми кон владеење на правото и зајакнување на борбата против корупцијата.

Шефот на македонската дипломатија Димитров оцени- поради кредибилитетот на ЕУ е значајно да ги отвориме пристапните преговори за вреднување на нашите реформски процеси. Датумот ќе влијае и на институционална и на граѓанската кохезија, рече Димитров.

Ди Мајо се сртетна и со претседателот Пендаровски по што шефот на македонската држава уште еднаш ја нагласил потребата за европско усогласување на новата методологија, како и добивање на датум за време на хрватското претседавање со Унијата.

Игор Панов