Прва помош за Боки 13, судот го продолжи рочиштето
Адвокатот Дуковски ѝ посочи на судијката дека на Јовановски не му бил извршен конзилијарен преглед. Тие биле клиниката за Гастро, но дежурниот лекар му кажал дека конзилијарно мислење се врши од повеќе лекари, а бил присутен само дежурниот.
Продолжи судењето за случајот „Рекет“. Одбраната на Бојан Јовановски на висок тон со судечкиот судија откако Јовановски беше донесен на рочиштето, а според адвокатот не бил во состојба да присуствува поради силни болки во абдоменот.
Адвокатот Дуковски ѝ посочи на судијката дека на Јовановски не му бил извршен конзилијарен преглед. Тие биле клиниката за Гастро, но дежурниот лекар му кажал дека конзилијарно мислење се врши од повеќе лекари, а бил присутен само дежурниот.
Пред доаѓањето на ова рочиште на Јовановски му се дадени огромен број седативи за спречување болки. Затоа го молам овој суд да се изврши конзилијарен преглед- рече Дуковски.
Судијката, пак, наведе дека нема да го одложи денешното рочиште и дека ќе повика брза помош за да види дали обвинетиот може да го следи рочиштето.
