Собрание

Предлог- законот за јавно обвинителство помина на Комисијата за европски прашања

12.02.2020 13:15

Законот за обвинителство оди на пленарна седница. За усвојување е потребно двотретинско мнозинство...

Во Комисијата за европски прашања заврши расправата по Предлог- законот за јавно обвинителство. Оди на пленарна седница. За усвојување е потребно двотретинско мнозинство.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ презентираше аудио-снимка и транскрипт што ги добил, како што рече од укажувач, за според него, злоупотреби од именувани функционери.

Министерката за правда Дескоска рече дека Комисијата не е место за пуштање снимени разговори. Го повика да ги достави во Обвинителството.