СДСМ: Законот за јавно обвинителство гарантира неселективна правда
Законот за јавно обвинителство, кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство кое е темел на силна правна држава, велат од СДСМ...
Законот за јавното обвинителство кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство и е темел на силна правна држава, гарантира неселективна правда- велат од СДСМ.
„Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази. Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите. Очигледно тоа им пречи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ па затоа веќе цела година прават се, ова законско решение да не се донесе, да не завладее правната држава“, изјави пратеничката Снежана Калеска- Ванчева.
Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство, велат од владејачката партија.
