Османи и Димитров утре во работна посета на Париз

12.02.2020 14:50

Во рамки на посетата предвидени се средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе престојуваат во работна посета на Париз.

Во рамки на посетата предвидени се средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон. Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјава во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ.

Планирано е Османи и Димитров да остварат средби и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Во фокусот на разговорите ќе бидат европските интеграции, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Посетата на Париз се случува во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори, соопштуваат од СЕП.