Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел
По добивањето на поканата за членство на почетокот на минатата година, земјава во континуитет активно учествува на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

Денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, соопштуваат од Министерството за одбрана.
По добивањето на поканата за членство на почетокот на минатата година, земјава во континуитет активно учествува на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на Алијансата.
Собранието го изгласа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, а по завршувањето на последниот процес за ратификација во шпанскиот парламент, нашата држава ќе има и право на глас за сите одлуки кои се носат во НАТО, а се однесуваат на мирот, безбедноста и стабилноста во глобални рамки.
Во Брисел, министерката Шекеринска освен на состаноците на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе има и повеќе средби и состаноци со министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.
