Спасовски очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат на местото на Мизрахи

13.02.2020 13:20

Премиерот Спасовски, повтори дека нема компромис со почитување на Уставот и законите. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат. Иако вели дека е нивна одлуката, преферира личност што гласала за Северна Македонија и за протоколот за НАТО.

По испратеното барање до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјална политика Мизрахи, премиерот Спасовски, повтори дека нема компромис со почитување на Уставот и законите. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат. Иако вели дека е нивна одлуката, преферира личност што гласала за Северна Македонија и за протоколот за НАТО.

„Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам“, изјави премиерот Спасовски.

Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да не учествува во работата на Собранието, откако вчера партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека не гледаат повеќе потреба за такво нешто затоа што не се распушти Парламентот согалсно политичкиот договор, Спасовски истакнува дека не знае каква одлука донела опозициската партија, но порачува дека за таква политичка одлука се носат соодветни консеквенци.

Не знам каква одлука има донесе ВМРО-ДПМНЕ во однос на учеството во работата на Собранието, но сепак тоа е нивна политичка одлука и за таа одлука се носат соодветни консеквенци, рече Спасовски.