ВМРО-ДПМНЕ останува во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ останува во Собранието. На синоќешната седница на Извршниот комитет заклучено, 12-ти април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори. Државата не смее да биде заложник на поединци на власта, интерес на граѓаните е правна држава, велат од партијата...

На синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучено 12-ти април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори. Неофицијално, пратеничката група останува во Собранието.
Во вчерашната изјава лидерот Мицкоски рече дека по последните случувања за незакажување седница за распуштање на Собранието и барањето за смена на министерката Мизрахи, нема потреба од натамошно учество во парламентот.
Извршниот комитет смета дека власта со последните скандали ја втурнува државата во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина. Државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на власта, како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот. Интерес на граѓаните се правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на политичката агресија на власта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
