СДСМ со апел за поддршка на Законот за јавно обвинителство

13.02.2020 13:31

Од партијата уште еднаш со апел до сите пратенички групи за поддршка на Законот. Сѐ уште е неизвесно кога ќе се одржи пленарката.

Со Законот за јавно обвинителство не се штити криминалот и нема скриена амнестија, велат од СДСМ. Од партијата уште еднаш со апел до сите пратенички групи за поддршка на Законот. Сѐ уште е неизвесно кога ќе се одржи пленарката.

„Секој ден повикуваме и ќе повикуваме не само до парламентарното мнозинство туку и до пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе одлучат да застанат на страната на правдата или ќе останат да ги бранат интересите на група бандити во нивните редови. Ги повикувам пратениците да се изјаснат по сопствено убедување да го поддржат законот кој доби поддршка и од меѓународната заедница“, изјави денеска пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

Костадинов ја повика опозицијата да заземе став, бидејќи, како што рече,  на граѓаните не им е јасно како ќе постапуваат откако вчера лидерот на партија Мицкоски повикал пратениците да го напуштат Собранието. Тој вели дека во меѓувреме пратениците за повеќе закони поднеле над 5.000 амандмани со што според него е блокада за носење на законите.