Чулев: Пасоши чекаат 14.900 граѓани, а обрасци има за 4.900

13.02.2020 14:57

Министерот Чулев вели дека се во постојана комуникација со германската фирма и дека има шанси документите да пристигнат 10-на дена порано.

МВР се уште нема информации колку пасоши ќе пристигнат до крајот на идниот месец. 14.900 граѓани чекаат да ги земат пасошите, а засега има резерви за издавање на 4.900.

Министерот Чулев вели дека се во постојана комуникација со германската фирма и дека има шанси документите да пристигнат 10-на дена порано.

„Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март. Се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин“, изјави министерот Чулев..

За недостиг од пасоши, повторно го обвини својот претходник Спасовски.