Целосно реновиран студентскиот дом „Гоце Делчев“
Целосно е реновиран студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Пуштени се во употреба блоковите В и Г. Направена е измена на Законот за студентски стандард за да се обезбеди функционалност на сите студентски домови низ државава, изјави министерот Адеми...

Најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“ е целосно реновиран и енергетски ефикасен. Заврши реконструкцијата на блоковите В и Г. Сега во него може да се сместат 1.200 студенти што е 30 насто од вкупниот капацитет на студентскиот центар во земјава.
Од Владата велат, студентскиот стандард и условите и натаму ќе се подобруваат, обезбедена е финанска поддршка за обнова и функционалност на сите студентски и ученички домови низ државава.
Директорот на државниот студентски центар тврди дека двојно е намален долгот тежок 300 милиони денари, што до пред две години го наследил во студентскиот центар.
Се работи на проектите, студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во центарот на Скопје наскоро ќе биде приклучен на централно греење. Според раковоството, ќе има нова топлотна станица, а старата се заменува со комплетно нова инсталација.
Премиерот Спасовски најави дека проектот е во крајна фаза, во студентскиот комплекс „Стив Наумов“ ќе се реновира зградата 1 и 2, а ќе биде спроведено и реновирањето на заедничките простории на домот „Кузман Јосифовски- Питу“.
Ана Јосифоска- Тодоровска
