Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите што ги усвои Собранието

17.02.2020 09:48

За барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не го потпишува Законот за јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно со член 75 од Уставот, тој е должен да го потпише указот, доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство.

Претседателот Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на повеќе закони што беа усвоени од Собранието, меѓу кои и за јавно обвинителство и измените на законите за Советот на јавни обвинители и за одбрана.

За барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не го потпишува Законот за јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно со член 75 од Уставот, тој е должен да го потпише указот, доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство.

За евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд, укажува шефот на државата.