Спасовски и Османи во дводневна посета на Брисел
Денес и утре владина делегација предводена од премиерот Спасовски, во посета на Брисел. Во Европската комисија ќе има обраќање на меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг...
Владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.
Премиерот Спасовски ќе има обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската Комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји.
