Евакуираните Американци од крузерот заминаа од Јапонија
Крузерот со 3.700 патници се смета за најголемото жариште на заболени надвор од кинеската територија каде што се регистрирани над 90% од смртните случаи.
Два авиона со Американците кои беа евакуирани од крузерот „Дајмонд принцес“ заминаа од Јапонија. Околу 400 државјани на САД беа во карантин од 3-ти февруари поради новиот коронавирус кој се појави во Кина.
Крузерот со 3.700 патници се смета за најголемото жариште на заболени надвор од кинеската територија каде што се регистрирани над 90% од смртните случаи.
На „Дајмонд принцес“ досега има 355 заболени од Ковид-19. Јапонската влада обезбеди по еден Ајфон за секоја кабина во бродот за да можат патниците полесно да комуникицираат со доктори, фармацевти и психолози.
Во Кина починале над 1.770 луѓе, а заразени се над 70.500.
