Сирија: Војската напредува околу Алепо

17.02.2020 10:41

Руските борбени авиони викендов извршија воздушни напади, бомбардирајќи неколку градови, вклучувајќи го и Анадан кој беше подоцна преземен од сириските владини сили со помош на Иран.

Сириските државни медиуми известуваат дека владините сили заземаат голем дел од бунтовничката покраина Алепо.

Руските борбени авиони викендов извршија воздушни напади, бомбардирајќи неколку градови, вклучувајќи го и Анадан кој беше подоцна преземен од сириските владини сили со помош на Иран.

Трупите на претседателот на Сирија Ал Асад ги продолжуваат активностите во Идлиб и соседните бласти од декември. Офанзивата ја прекина соработката меѓу Турција и Русија кои поддржуваат спротивставени страни во судирпт.

Обединетите Нации предпредија на нова хуманитарна катастрофа.