За СДСМ Законот за Советот на ЈО донсен регуларно, за ВМРО-ДПМНЕ неделовнички
Законот за Советот на јавните обвинители е донесен на регуларен начин согласно со препораките, велат од владејачката партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во континуитет го крши Уставот, законите и деловникот со изгласувањето законите во Собранието...
Законот за Советот на јавните обвинители е донесен на регуларен начин согласно со препораките на Комитетот за односи меѓу заедниците, што подготвува листа на закони за кои е потребно двојно мнозинство, односно и гласање според Бадентер, велат од СДСМ. Според портпаролот, несфатливо е што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ги познава Уставот и законите, како и деловничките постапки.
Реагираше ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ во континуитет го крши Уставот, законите и деловникот со изгласувањето законите во Собранието. Посочуваат дека правниот тим ја анализира новонастаната ситуација со неделовничкото носење на Законот за Совет на јавни обвинители. Велат дека јавноста ќе биде информирана на кој начин и до која институција ќе биде оспорена на постапката за Законот, најавија во ВМРО-ДПМНЕ.
Закон за Советот на јавни обвинители ги уредува односите и начинот на функцинирање на членовите на ова тело и е тесно поврзан со основниот Закон за јавно обвинителство.
Игор Панов
