Спасовски во посета на Eвропскиот парламент и седиштето на НАТО во Брисел
На првата официјална посета на македонскиот премиер во седиштето на алијансата во Брисел ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Се очекува да се разговара за процесот на ратификација на пристапниот протокол за НАТО...
Премиерот Спасовски денеска е во посета на Eвропскиот парламент и седиштето на НАТО во Брисел. На првата официјална посета на македонскиот премиер во седиштето на алијансата во Брисел ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Се очекува да се разговара за процесот на ратификација на пристапниот протокол за НАТО и неговото завршување со ратификацијата во Шпанија, по што земјава ќе стане полноправна членка.
Спасовски ќе има средба и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, два дена пред извештајот на известувачот Тонино Пицула, за препораките за преговори со земјите од Западниот Балкан.
Се очекува, Европската комисија на 25-ти февруари да го објави вонредниот извештај за напредокот на Албанија и на Северна Македонија. На средбата на Спасовски и Сасоли ќе биде разговарано и за новата методологија за преговори, како што беше случај и на вчерашната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Премиерот Оливер Спасовски вчера во Брисел се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, како и со специјалниот американски претставник за Западен Блакан, Метју Палмер.
