СДСМ: Судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите

18.02.2020 10:31

Според СДСМ, над 15.000 граѓани испратија јасна порака- судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите. Главната порака од маршот беше дека сега е ред на правосудниот систем да постапи независно

Судиите, обвинителите и поротниците да се ослободат од притисоците на ВМРО-ДПМНЕ и да ја испорачаат правдата, порача лидерот на СДСМ, Заев по вчерашниот марш „Чекориме за правдата“, пред судскиот комплекс во Скопје.

Никој не може да биде задоволен од спроведувањето на правдата во земјава, рече Заев, не смее да се дозволи застарување на судските предмети. Зарем требаше да се јавувам како премиер и да барам побрза правда. Потсети дека се бореле против политичарите кои нарачувале пресуди. Затоа Собранието го донесе Законот за обвинителство со огромно мнозинство, рече Заев.

Според СДСМ, над 15.000 граѓани испратија јасна порака- судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите. Главната порака од маршот беше дека сега е ред на правосудниот систем да постапи независно и професионално и да испорача правда, а оние кои ја блокираа правдата се целосно поразени- велат од владејачката партија.