ВМРО-ДПМНЕ: Маршот на Заев е марш за нови амнестии

18.02.2020 10:40

Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството. Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта. Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите“, велат од опозициската партија.

Потенцираат дека на 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви. Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон.