Посета на италијанскиот генерал Вечиарели, унапредување на билатералната соработка

18.02.2020 13:05

Генерал Вечиарели оствари одвоени средби со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Делегација на италијанските оружени сили, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Енцо Вечиарели претстојува во дводневна официјална посета на државава.

Генерал Вечиарели оствари одвоени средби со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на разговорите - унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата и искуствата од учеството во меѓународните мировни мисии.

На средбата, министерката Шекеринскa изрази полна поддршка за развој на соработката меѓу двете армии, која со членството на Северна Македонија во НАТО, прераснува во сојузничка.

„Полноправното членство во НАТО е прашање на денови, а со тоа ќе се зголемат нашите можности за соработка. Со членството во НАТО добивате нов сојузник на кој може да сметате“, рече министерката Шекеринска.

Италијанскиот генерал ќе биде примен и од претседателот Пендаровски.