„Рекет“ повторно затворен за јавноста
Барањето до судијката Васка Николовска- Масевска е поради тоа што се споменувале имиња на лица кои не се вклучени во случајот, па би можел да биде повреден нивниот углед.
Рочиштето за предметот „Рекет“ во Кривичниот суд е повторно затворено за јавноста. Обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, побара јавноста да биде исклучена затоа што се слушаат снимките од усб-то на Зоран Милевски кој е осуден на три години затвор откако призна вина.
Барањето до судијката Васка Николовска- Масевска е поради тоа што се споменувале имиња на лица кои не се вклучени во случајот, па би можел да биде повреден нивниот углед.
Минатата недела, исто така по барање на Рускоска судот одлучи јавноста да биде исклучена затоа што разговорите меѓу првообвинетиот Јовановски и Милевски биле сензитивни.
