Индиции за злоупотреба на набавка на чизми во МВР
Две акредитирани лаборатории констатирале дека не ги задоволуваат барањата од техничката спецификацијана полицијата. Министерот Чулев вели дека МВР имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за набавка на чизми, но тоа не било направено.

Министерството за внатрешни работи има индиции за злоупотреба на службената положба во постапка при набавка на три илјади пара полициски чизми од фирмата „Пинко Кирил ДООЕЛ“, во вредност од 15 милиони денари, вели министерот Чулев.
Две акредитирани лаборатории констатирале дека не ги задоволуваат барањата од техничката спецификацијана полицијата. Министерот Чулев вели дека МВР имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за набавка на чизми, но тоа не било направено.
Една година по истекот на законскиот рок МВР направило прием за чизмите, фирмата доставила фактура, а исплатата била со анекс на договор.
МВР до обвинителството подлело поднесок, а Чулев повика веднаш да постапат по него.
