Мицкоски најави две милијарди евра за патишта

18.02.2020 13:26

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираше 12 проекти што ќе бидат дел од обновата на транспортната инфраструктура...

За три години земајва стана држава на апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, додека опозицијата има штаб за креирање проекти, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денеска промовира 12 проекти што ќе бидат дел од обновата на транспортната инфраструктура.

„Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава.    Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава“, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, нагласи Мицкоски.