СДСМ: Покачена е минималната плата, социјалната заштита, решен е проблемот со стечајците и со извршителите

18.02.2020 14:53

За овие три години донесовме низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот, просперитетот и напредокот, велат од СДСМ.

Од СДСМ се пофалија дека ги покачиле минималната плата, социјалната заштита, ги намалиле казните, го решиле проблемот со стечајците и со извршителите, ги субвенционирале придонесите за поголема плата на 106 илјади вработени.

„Минималната плата ја зголемивме два пати. Прво на 12.000 илјади па потоа на 14.500 денари, што е за  5.500 денари или 60 отсто повеќе од претходно кога таа изнесуваше 9.000 денари. Ја исправивме историската неправда и го решивме статусот на стечајците, над 12 илјади стечајци земаат 8.200 денари до пензионирање. Со измените на Законот за извршување се намали делот за извршување на една петина, а целосно од извршување се изземаа најранливите категории граѓани. Ставивме крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани“, изјави денеска пратеничката Јагода Шахпаска.

Покажавме дека работиме во интерес на граѓаните и дека знаеме како идејата да ја преточиме во реалност. И по 12 април продолжуваме да работиме со и за граѓаните, велат од СДСМ.