Дуално образование по германски модел за работа во земјава
Во Прилеп е потпишан меморандум за дуално образование во прилепското елекромашинско средно училиште според германски модел. Целта е младите да најдат работа и да останат во татковината...
Две паралелки со 20 ученици во прилепското електромашинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ го почнаа дуалното образувание според германски модел: 50 насто теоретска исто толку практична настава во три прилепски компании: „Гентерм“, „ВИК“ и „Витаминка“.
Ќе се стекнат со матура, но и со сертификат од Делегацијата на германското стопанство во земјава, оспособени за работа во кои сакаат комапнии или да продолжат на универзитетите.
Училиштето го потопиша меморандумот за соработка со делегацијата која го спроведува проектот. Ова е мерка за младите стручно да се оспособат и да останат во земјава.
Германскиот систем има 80 насто практична работа, македонскиот модифициран е со 50 насто. Опфатени се две струки барани на пазарот: техничар за индустриска мехатроника и техничар за производствено машинство.
Проектот на делегацијата опфаќа пет градови со десет компании и 100 ученици. Се спроведува и во Битола, Охрид, Велес и во Кавадарци, а в година и во Скопје и во Тетово.
Елизабета Митреска
