Финансиска помош за млади земјоделци
Младите фармери кои сакаат да почнат сопствен бизнис, со годишната програма за поддршка на земјоделството, можат да добијат по 20 илјади евра. На огласот кој трае до 10 март право да конкурираат имаат земјоделци до 40 годишна возраст...

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства има право на финансиска поддршка до 20.000 евра.
По одобрување на барањето, парите ќе се добиваат на најмногу три рати.
Право за аплицирање имаат земјоделци не постари од 40 години, за финансирање на основните средства за работа, инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис.
Документите за аплицирање можат да се превземат од веб страницата на платежната агенција, а се доставуваат лично или по пошта до 10 март до кога трае огласот.
Во претходните две години со оваа мерка договори склучиле 526 млади земјоделци.
Целта на програмата е да се овозможат поголеми услови за самовработување и почнивање сопствен бизнис на младите лица во руралните средини.
Методија Трајков
