Стопанска комора: Државата мора да дефинира нова визија и приоритети
Потребна е поконкурентна економија, посилни извозни капацитети, државата да изгради нова визија, да ги дефинира приоритетите, бара бизнис еснафот. Од Стопанската комора сугерираат за подобар економски развој, акцент да биде ставен на регионалното поврзување на компаниите. Одбележана 98- годишнината од работењето на Стопанската комора на Македонија...
Економските политики даваат резултати, но е потребна поконкурентна економија, посилни извозни капацитети, државата да изгради нова визија, да ги дефинира приоритетите, бара бизнис- еснафот од Стопанската комора. Акцент треба да биде ставен на регионалното поврзувањето на компаниите и настапот на странските пазари компактибилно за извоз на нашите производи, велат од Стопанската комора.
Очекуваните инвестиции, полноправното членство на државата во НАТО и стартот на преговорите со ЕУ, ги зголемуваат безбедноста и стабилноста на земјата за подобра основа за економски раст и развој.
Трговската размена лани забележала раст од 10 проценти. И според Организацијата за економска соработка и развој, политиките за инклузивен стопански раст се важни за земјите од Западен балкан. Без силни локални партнери, не може да се искористат странските инвестиции.
На одбележувањето на годишнината присуствуваа функционери и претставници на бизнис- заедницата, меѓународни организации и научната јавност. Беа доделени и награди за најдобри компании и занаетчии.
Дијана Ценевска
