Спасовски: Се бара одржливо решение за пасошите
Премиерот Спасовски засега не открива детали, но смета дека е неодговорно само пред една недела да биде информиран за недостатокот на обрасците. Спасовски ја оцени како несреќна изјавата на Чулев дека во владата нема политичка волја за решавање на проблемот со пасошите.
Владата бара решенија за надминување на проблемот со издавање патни исправи. Премиерот Спасовски засега не открива детали, но смета дека е неодговорно само пред една недела да биде информиран за недостатокот на обрасците. Спасовски ја оцени како несреќна изјавата на Чулев дека во владата нема политичка волја за решавање на проблемот со пасошите.
Веќе месец и пол функционира оваа Влада, а само пред една недела добила информација дека има проблем со издавање на пасошите. Проблемот, истакна Спасовски, е некаде на друго место, меѓутоа се бара одредено решение за кое се надева дека ќе биде најдено.
„Пред една недела беше доставена информација до Владата во однос на состојбата со пасошите. Мислам дека подоброто менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања, немаше да доведе до една вакна криза“, изјави премиерот Спасовски.
Што се однесува до најавената кривична пријава за него, Спасовски нагласи дека има истражни органи и слободно нека ги проверат сите аспекти, а тој не бега од одгороност.
