Почна ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО во Шпанскиот парламент
Се очекува денеска да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот дом, а веќе следената недела ќе биде ставена на гласање на пленарна сесија во Долниот дом, по што постапката ќе продолжи во Сенатот...

Ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО почна во Шпанскиот парламент, по скратена постапка. Се очекува денеска да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот дом, а веќе следената недела ќе биде ставена на гласање на пленарна сесија во Долниот дом, по што постапката ќе продолжи во Сенатот.
Според најавите, целата постапка би требало да заврши до крајот на март. Шпанија со заложби во март да бидат валоризирани севкупните постигнувања и реформските активности на државава и да се донесе позитивна одлука за почнување на пристапните преговори со Европската унија.
