Чулев: Кокаинот пронајден во магацин за овошје, приведени четири лица
Синоќа голема полициска акција во скопски Крушопек поради недозволена трговија со дрога. Приведени се 4 лица, а е запленет еден килограм кокаин. Била дел од голема меѓународна акција за сузбивање шверц со наркотици...
Синоќа голема полициска акција во скопски Крушопек поради недозволена трговија со дрога. Приведени се четири лица, а запленет е еден килограм кокаин. Пронајден бил во магацин за овошје. Операцијата била дел од голема меѓународна акција за сузбивање шверц со наркотици.
„Во Македонија беше утврден како краен примач компанијата „Банекс компани“ ДООЕЛ, како купец овошје, во случајов банани. Околу 9 часот, на граничниот премин Ќафасан-Струга, евидентирано е возило управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. од Црна Гора, кој се упатил кон скопското село Крушопек. По претходно обезбедена наредба, извршен е претрес. На лице место е најден Ј.Е. 22 години, син на сопственикот на фирмата, како и Р.И. 51 годишен од Скопје, вработен кој вршел истовар“, изјави министерот за внатрешни, Чулев.
При претресот е најдено едно пакување, а биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.980 пакети банани, возилото „Ивеко“. Од слобода биле лишени Ј.К., С.Е., Ј.Е. и Р.И. Истите ќе бидат предадени за постапка пред надлежен јавен обвинител, рече Чулев.
