ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори што разговарал со Катица Јанева на средбата во Премиерската вила

20.02.2020 13:54

Од партијата се сомневаат дека Заев е главата на криминалниот октопод и тоа го покажуваат и доказите во случајот „Рекет“ презентирани пред судот.

Заев не негира дека имало средби во премиерската резиденција на Водно, но останува непознато за што разговарале со Катица Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата се сомневаат дека Заев е главата на криминалниот октопод и тоа го покажуваат и доказите во случајот „Рекет“ презентирани пред судот.

„Јавно, во судница, пред очите на целата македонска јавност беа презентирани докази каде што јасно се гледа дека Катица Јанева одела на средба во една од државните вили на Водно, односно во Премиерската Вила, бидејќи претседателот Пендаровски прв демантираше дека се сретнал со Јанева. Од доказите во судот јасно можеше да се заклучи дека Катица Јанева одела на средба кај Зоран Заев, додека неговиот брат во присуство на адвокат седел со сега осуден за рекет“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните веќе ја знаат инволвираноста на Заев во „Рекет“, а сега треба само да им ги објасни неговите дејствија. Јавноста заслужува одговори, а Заеви треба да сносат одговорност, велат од партијата.