ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска призна дека платиле многу повеќе, каде завршиле 250.000 евра?
Според опозициската партија, очигледна е разликата од над 250 илјади евра во набавката на двата грејдера каде што Радмила Шеќеринска и Министерството за одбрана ги имаат преплатено машините.
Министерството за одбрана и Радмила Шеќеринска не негираа дека ги преплатиле двете машини грејдери за сума повисока од 150 насто од нормалната, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, очигледна е разликата од над 250 илјади евра во набавката на двата грејдера каде што Радмила Шеќеринска и Министерството за одбрана ги имаат преплатено машините.
„Под изговор дека навистина била повисока цената на машините, но министерството и Шекеринска биле транспарентни, Шеќеринска и одбрана потврдија дека проневериле над 250.000 евра“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата бара од надлежните институции да го истражат овој случај детално, Јавното обвинителство да отвори истрага.
