ВМРО-ДПМНЕ ќе маршира за ослободување на правосудниот систем
ВМРО- ДПМНЕ на марш од Јавното обвнителство до Врховниот суд, за, како што вели лидерот на партијата Мицкоски, ослободување на правниот систем и неправдата да се диктираат судски пресуди. Ги повика сите што зборувале дека е потребен ветинг и правичност во судството. Од НСДП велат, во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат стравот и паниката, не успеаа да го спречат донесувањето на Законот за јавно обвинителство...
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе маршира за ослободување на правосудниот систем. Претседателот на партијата Мицкоски ги повика сите политички партии кои биле гласни за ветинг и за промени во судството да се придружат. Ги повика и граѓаните без разлика на политичката обоеност, за да се спречи, како што вели, оваа неправда, да се диктираат судски пресуди.
Од Новата социјалдемократска партија велат дека во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат стравот и паниката. Опозициската партија не успеа да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство, вели потпретседателката Мираковска и додава дека Законот ќе обезбеди силно, независно судство и одговорност за секој кој сторил криминал. Посочуваат дека протестот е лицемерен.
Пред речиси една седмица и владејачката партија СДСМ организираше марш за правда под мотото „Чекориме за правда“.
Дијана Ценевска
