Патникот од Дубаи нема коронавирус
Тестирањето покажало дека тој е позитивен на Инфлуенца тип Б. Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.

Патникот од Дубаи кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести нема коронавирус. Тестирањето покажало дека тој е позитивен на Инфлуенца тип Б. Патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.
Министерот за здравство, Венко Филипче апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје. Апелираше и да се откажат сите патувања и екскурзии во Италија и да не се презема ризик без потреба.
Владата донесе заклучок да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.
Надлежните претходно информираа дека се негативни резултатите на коронавирус на пациентот кој пристигна од Италија, а кој синоќа беше тестиран на Инфективната клиника.
