Од утре јавен увид во избирачкиот список
Од утре почнува да тече рокот за јавен увид во избирачкиот список. Ќе трае до 11-ти март. Ќе се собираат и потписи на избирачите за кандидатите за пратеници...

Од утре почнува да тече рокот за јавен увид во избирачкиот список и за собирање потписи на избирачите за кандидатите за пратеници. Службените лица од ДИК потписите ќе ги собираат и пред надлежен нотар, што беше утврдено на седницата.
Секој избирач ќе има можност да даде поддршка за повеќе листи на кандидати кои треба да се достават најдоцна до 12-ти март на полноќ. Јавниот увид за избирачкиот список ќе може да се изврши до 11-ти март.
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски денеска апелираше до граѓаните чии лични карти чекаат на шалтерите во МВР, што поскоро да си ги подигнат, бидејќи нема да може да гласаат без важечки лични документи.
Како ДИК ќе направиме максимални напори на сите граѓани да им овозможиме да го остварат своето право на глас, но не можеме да дозволиме без какви било документи да се извршува гласањето, истакна Деркоски, кој ги повика околу 38.000 лица кои не ги подигнале своите лични документи во МВР да го сторат тоа бидејќи без нив нема да можат да гласаат на предвремените парламентарни избори на 12-ти април.
Апелира до сите граѓани кои сакаат да учествуваат на изборите да го искористат јавниот увид, да се проверат на Избирачкиот список
